Хибридниот BJ30e изненадува со привлечниот дизајн и долгата листа на опрема, но и хибридниот погон кој комбинира турбо-бензинец со два електромотори за вкупно 404 коњски сили!

Не, не прочитавте погрешено и не, не сме направиле грешка. Благодарение на 1.5-литарскиот турбо-бензинец и двата електромотори, BAIC BJ30e располага со вкупно 404 коњски сили и 685 Nm вртежен момент.

Турбо-бензинецот испорачува 116 коњски сили и 235 Nm вртежен момент а електромоторите ја надополнуваат разликата. Предниот електромотор испорачува 174 коњски сили и 315 Nm вртежен момент, додека задниот испорачува 74 коњски сили и 135 Nm вртежен момент.

New BJ 30 004 xxl

Сето тоа значи 404 коњски сили и 685 Nm вртежен момент, но и официјална потрошувачка од 6.4 литри на 100 изминати километри. Секако, целиот систем значи дека BJ30e има погон на сите четири тркала, а ветува и интересни теренски перформанси. Веќе ни е најавено дека BJ30e наскоро ќе пристигне на тест, па и самите ќе можеме да ги провериме овие ветувања.

New BJ 30

Инаку, BJ3oе е најверојатно најинтересно-дизајнираниот модел во тековната понуда на BAIC на нашиот пазар. Можеби ќе препознаете детали кои се *кхм* инспирирани од некои други модели, но сè на сè – BJ30 изгледа привлечно и современо. Листата на опрема е навистина долга, а не е штедено ниту на технологиите кои се дел од севкупниот пакет.

New BJ 30

BJ30e е веќе изложен во салонот на BAIC во рамките на Цилаз и можете и самите да го погледнете, а повеќе информации:   ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

New BJ 30 004 New BJ 30 006 New BJ 30 001  New BJ 30 007  New BJ 30 008  New BJ 30 009  New BJ 30 010  New BJ 30 011  New BJ 30 012  New BJ 30 003  New BJ 30 002  New BJ 30 013  New BJ 30 014  New BJ 30 015  New BJ 30 016 

  Преземено од: https://www.carclub.mk
  Оргиналната објава: https://www.carclub.mk/2026/02/12/hibridniot-baic-bj30e-pristigna-vo-salonot-na-cilaz-vo-skopje/

BAIC достапни модели Изберете го Вашиот модел
ALL
Off - road
SUV
Sedan
Hybrid
X35
X35
X75
X75
X55 II
X55 II
U5 PLUS
U5 PLUS
BJ40 PLUS
BJ40 PLUS
BJ30 HYBRID
BJ30 HYBRID