ЦИЛАЗ е компанија која постои во Македонија веќе 35 години. Продаваме делови од програмата на Цитроен, Пежо и Рено. Располагаме со салон и сервис за возила и продавница за резервни делови.

Продавницата е со капацитет од 160м2 со вклучен магацински простор со вработени кои се квалификувани за продажба на резервни делови и за тоа поседуваат сертификати за обука.

Сервисниот центар располага со магацински простор во кои има резервни делови за интервенција во рок од 24 часа. Капацитетот на сервисниот центар е 700 м2 каде што имаме изложбен салон од 400 м2 и сервис од 300 м2 покриена површина со 8 работни места од кои во четири се монтирани двостубни дигалки. Сервисот располага со компјутеризиран сервис за отклонување на дефекти наречен ПРОКСИЈА (Лексија) исто така и компјутеризирано дешифрирање на резервни делови со специјален тест компјутер наречен СЕРВИС БОКС.

Квалитетот на бараната услуга одговара на важечките стандарди и прописи на Р.Македонија. Резервните делови кои се вградуваат во возилата се оригинални и ние како овластени дистрибутери на истите располагаме со сертификати од нивните производители.

За навремено дистрибуирање на резервните делови располагаме со сопствено возило.

Овластени дистрибутери за следните марки:

  • Франција: Valeo, Sasic, Purflux-Filtrauto, Triclo, Mgi Seim, Cevam,
  • Шпанија: Triclo, Koyo-Timken и
  • Италија: Cofle.

Соработката со овие компании до сега е многу успешно.

Ние сме главен увозник и овластен сервис за возилата BAIC.

Сите овие години Цилаз има достигнато висок степен на имиџ и голема доверба кај купувачите во Македонија. Нашата визија е да бидеме препознатливи кај клиентите и партнерите со нудење на ефикасна, брза, целосна услуга и квалитет со сосдветни цени. Тоа го потврдуваме и со имплементирање на стандардите ISO 9001:2015, ISO 9001:2008, ISO 14001:2015 и ISO 14001:2004.

BAIC достапни модели Изберете го Вашиот модел
ALL
Off - road
SUV
Sedan
Hybrid
X35
X35
X75
X75
X55 II
X55 II
U5 PLUS
U5 PLUS
BJ40 PLUS
BJ40 PLUS
BJ30 HYBRID
BJ30 HYBRID